Серијата на „Netflix“, „Emily in Paris“ е номинирана за престижната награда „Golden Globe“.

Додека некои се воодушевени од серијата, други ја нарекуваат „најлошата серија на „Netflix“ досега“, сепак, серијата доби номинација за најдобра телевизиска серија во категоријата мјузикл или комедија.

Покрај „Emily in Paris“, за наградата во оваа категорија се натпреваруваат и сериите „Flight Attendant“, „The Great“, „Ted Lasso“ и „Schitt’s Creek“.

И не само тоа, актерката Лили Колинс кој ја игра Емили, е номинирана за најдобра изведба во телевизиска серија во мјузикл или комедија во категорија со Кејли Куоко, Ел Фанинг, Џејн Леви и Кетрин О`Хере.

Instagram
Instagram

Судејќи според коментарите на социјалната мрежа „Твитер“, поголемиот дел од публиката не е воодушевена што серијата „Emily in Paris“ е номинирана за оваа престижна награда.

Номинацијата на „Emily in Paris“ за која било награда покрај серијата „I May Destroy You“ е буквално злосторство и ми ја повредува душата“, напиша еден корисник.

Instagram
Instagram

Веројатно не е вистина дека „Emily in Paris“ е номинирана за „Golden Globe“?“, напиша друг корисник.

Ги разбирам луѓето што уживаат во „Emily in Paris“ затоа што е лесна, забавна, итн. Но, номинирање за „Golden Globe“?! Навистина не разбирам“, додаде друг.

Сепак, номинацијата за „Emily in Paris“ сигурно ќе му даде на „Netflix“ уште поголема „самодоверба“ во креирањето на најавената втора сезона.