Страшна несреќа се случила синоќа во Индија во Луна парк. Околу 50 луѓе се наоѓале на 15 метри високата вртелешка која се урнала.

Соопштено е дека во несреќата се повредени околу 16 лица, меѓу кои и жени и деца.

Според извештаите на локалните медиуми, неколку деца на возраст од 10 години биле згрижени во болницата.

Од забавниот парк изјавиле дека имало технички проблем и дека ќе соработуваат со полицијата во текот на истрагата.

Прикажи повеќе