Ако се оди според планот и бидат оправдани фаворитските улоги, Аргентина во четвртфиналето би требало да игра против Холандија, додека Франција би одела на Англија.

Advertisements

Во јавноста на Островот веќе се прават проекции за можниот дуел во фазата меѓу осумте најдобри тимови во светот, а Гери Невил и Рио Фердинанд велат дека посебно би се радувале на дуелот по левата офанзивна, односно десна дефанзивна линија. Легендите на Јунајтед сметаат дека Кајл Вокер е единствениот дефанзивец во светот кој може да се справи и да го чува Килијан Мбапе, па поради тоа со цело срце навиваат Англија да го мине Сенегал, а Франција да биде подобра од Полска.

“Тоа изгледа како судир кој секој чека да се случи. Мбапе против Вокер. Сметам дека Вокер е совршениот десен бек за справување со Мбапе. Ако некој може да се носи со него на физички план, со брзина и со искуство, тоа е Вокер,” вели Невил.

“За мене, Кајл Вокер е единствениот дефанзивец во светот што може во моментов да се справи со Мбапе. Еден на еден меѓу Килијан и Вокер, тоа би било вистинска трка, ” потенцира Рио Фердинанд.

Прикажи повеќе