Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на својот фејсбук профил објави, како што вели, илустрација, а со која сакаше да направи паралела на минатата власт и сегашната. Се е до приоритетите, напиша тој, велејќи дека парите наместо за врби во Вардар или лавови, можеле  да бидат потрошени за противпожарни возила.

-Чисто илустративно. Ако едно противпожарно возило чини околу 200.000 евра, денес Скопје наместо 3 врби на реката Вардар ќе имаше едно противпожарно возило плус, или поточно наместо 2 лава на мостот Гоце Делчев, денес Скопје ќе имаше 6 противпожарни возила плус. До приоритетите е!, напиша Салиху.

Веднаш му одговори, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Скалата што ја плативте 1.700.000 евра? Тоа се според тебе 8 ПП нови возила! И 100.000 за пожарникарите на кои им се заканивте да си одат, а ќе најдете други. Па, скала гаси, или ПП возило со пожарникари гасат?, прашува Стоилковски.