Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска требаше да ја започне дводневната посета на Белград.

Но, посетата беше отежната од фактот што Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора му забранија на неговиот авион да лета над нивниот воздушен простор.

Како што оцени Лавров, она што се случи е незамисливо и ја лишува суверената држава да го оствари своето право.

Но, она што се истакна во неговите изјави е споменувањето на иницијативата „Отворен Балкан“, јавува „Телеграфи“, пренесува АлсатМ.

Во тој контекст, тој изјави дека Брисел не сака Лавров и српските претставници да разговараат за „нашето стратешко партнерство кое брзо се развива, како и меѓународните прашања“, пишуваат српските медиуми како Данас и Н1.

„Очигледно, лидерите на Брисел не сакаа да ја потврдат позицијата на Русија за Косово и БиХ, да изразат поддршка за иницијативата на Белград за Отворен Балкан и да разговараат за интересите за подобрување на односите меѓу земјите од регионот.

Така, како што се толкува, пишува српскиот медиум Данас, Лавров всушност признал чија идеја е Отворен Балкан.

Инаку, Отворен Балкан е иницијатива која ја формираа Србија, Албанија и Северна Македонија.

Во меѓувреме, Косово и Босна и Херцеговина продолжуваат да ја отфрлаат, при што Црна Гора сигнализира дека може да се приклучи на иницијативата.