Руската вакцина против ковид-19 Спутник V ја помина клучна фаза за употреба во ЕУ, бидејќи Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера започна со тестирање, а руските власти изразија подготвеност да обезбедат вакцини за 50 милиони Европејци.

Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции кој придонесе за развој на оваа вакцина, Кирил Дмитриев, изјави дека веднаш штом Европската агенција за лекови ја одобри руската вакцина, Русија ќе биде способни да обезбедат вакцини за 50 милиони Европејци од јуни годинава.

– Advertisement –

Прикажи повеќе