По елиминацијата на Португалија, Кристијано Роналдо за англиските медиуми го коментираше исходот на Светското првенство во Катар.

Advertisements

Еден од најдобрите фудбалери на планетата верува дека Франција ќе ја одбрани титулата освоена пред четири години во Русија, а Килијан Мбапе ќе биде избран за најдобар фудбалер на шампионатот.

„Мислам дека Франција е фаворит за титулата, како што кажав и пред почетокот на турнирот. Мислам дека Мбапе ќе биде најдобриот играч на овој Мундијал“, изјави Роналдо за „Мирор“.

Во битката за „Златната божица“ остана уште четири селекции – Мароко, противникот на Франција и Аргентина и Хрватска кои го сочинуваат вториот полуфинален пар.

Прикажи повеќе