Драмата се одвиваше во последните мигови од двата меча, кои се играа на далечина од само 5 километри. Бока Јуниорс одигра само 2-2 против Индепендиенте на „Ла Бонбоњера“, но на крајот и тоа беше доволно за титула, откако Ривер Плата го победи Расинг на гости со 1-2. А Расинг во 90.минута имаше пенал и можност да постигне гол за триумф од 2-1. Сепак, голманот на гостите го одбрани пеналот.
Пред последното коло Бока Јуниорс имаше еден бод повеќе од Расинг и со победа дома над Индепендиенте немаше да зависи од никого. Гостите први дадоа гол, а Бока до полувремето израмни на 1-1. На почетокот на вториот дел, Бока поведе со 2-1 и беше пред освојување на титулата, но во 82. минута гостите шокираа со втор погодок и израмнија на 2-2.
Во исто време, Расинг имаше 1-1 против Ривер Плата, а во 89. минута беше досуден пенал за домаќините. Сепак, голманот на Ривер Плата успеа да го одбрани пеналот во 90. минута и остана 1-1. До крајот на натпреварот, Ривер Плата постигна и победнички погодок. Така, титулата замина во рацете на најголемиот ривал, Бока Јуниорс