Иако се обидува да јаде здраво секој ден, кога ќе ја фати желбата за калорична храна, популарната пејачка Ријана не бира што јаде, иако потоа ќе мора да тренира три или четири пати неделно поради калоричните оброци.

Познатата пејачка и повеќекратна добитничка на Греми откри во интервју за британски „Closer“ дека божиќните празници ќе ги помине во родниот Барбадос.

Важно е да се биде со пријателите и семејството. Чувствувам неверојатен мир кога сум дома, на Барбадос. Тоа е најубавото место со најдобри плажи, храна и луѓе, изјавила Ријана, која притоа и признала дека во моментов ја завршува својата прва книга со рецепти од Барбадос. На оваа идеја дошла додека траел карантинот поради пандемијата, па поминала многу време во кујната.

Го сакам она што го работам и секогаш сум презафатена, но карантинот ми даде време да правам работи за кои и немам многу време, а тоа е да готвам и да уживам во долги прошетки. Важно е да правиме мали работи во кои уживаме и да сме нежни кон себе – објаснува поп – ѕвездата, па додаде:

Се обидувам да се хранам здраво секој ден, но не се откажувам од калорична храна. Сакам овчарска пита, макарони со сирење, пунч со рум … Ако посакам чизбургер – ќе го изедам, а потоа ќе вежбам три или четири пати неделно.

Што се однесува до новогодишните желби и планови, пејачката вели дека нејзината главна цел е да ја подигне својата музика и брендот „Savage X Fenty“ на повисоко ниво во 2021 година.