Откако го освоија мнозинството во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес на изборите на половина мандат, републиканците наведоа дека ќе отворат истрага за да го утврдат степенот на вмешаноста на претседателот на САД Џо Бајден во работите на неговиот син Хантер Бајден.
Републиканците, како што тврдат, веќе собрале инкриминирачки докази за електронски измами, кршење на законот за регистрација на странски агенти, перење пари и затајување данок, меѓу другите злосторства кои наводно ги извршиле членови на семејството Бајден.
Џим Џордан, за кого се очекува да стане претседавач на Правосудниот одбор на Претставничкиот дом кажа дека сега кога републиканците обезбедија тесно мнозинство во долниот дом, планира Бајденовите зделки со странство да ги стави во централниот фокус на новиот Конгрес.
„Како дел од нашата истрага, имаме докази дека финансиите, кредитните картички и банкарските сметки на Хантер и Џо Бајден биле измешани, ако не и заеднички. А барем на некои сметки банките кревале црвени знаменца за сопственикот или сопствениците на сметките што укажува на сомнителни или незаконски активности“, кажа Џејмс Комер, кој исто така напомена дека бизнис соработници на Хантер Бајден се сретнувале со неговиот татко во бројни прилики додека Бајден бил потпретседател или претседател.
„Бајденови „процветаа и станаа милионери едноставно нудејќи пристап до семејството“, кажа Комер.