Температурите на воздухот на почетокот на јануари достигнаа рекорди во многу земји низ Европа, а националните рекорди беа срушени во осум европски земји.

Advertisements

Во главниот град на Полска, Варшава, во неделата е измерена температура од 18,9 степени Целзиусови, додека во Шпанија, Билбао живата во термометарот „скокна“ на 25,1 степен, што е дури 10 степени над просекот, јави Би-Би-Си.

Благото зимско време во Европа се совпадна со моќниот бран од ледена бура што обви голем дел од Северна Америка во снег и мраз и однесе повеќе од 60 животи. /Makfax.mk

Прикажи повеќе