Бразилскиот напаѓач Рафиња, кој игра во Ла Лига со тимот на Барселона, покажа дека неговите соиграчи подготвиле неколку начини на прославата на головите, што ќе ги постигнат за време на Светското првенство во Катар.
„Подготвивме околу 10 различни прослави. Не зависи кој ќе го постигне голот, туку се работи за тоа дека секој гол има своја прослава. Прослава за прв гол, друг за втор, трет и така натаму“, изјави Рафиња.
„Што ќе правиме ако постигнеме повеќе од 10 гола? Не знам, ќе импровизираме на теренот, но ќе ве изненадиме“, изјави бразилскиот напаѓач.
Првиот натпревар на овој свет, Бразил го игра на 24 ноември против Србија.