Рафаел Надал моментално се наоѓа во Австралија каде се подготвува за првиот Грен слем турнир во 2023 година, Австралија Опен, кој започнува на 16 јануари.

Advertisements

Шпанскиот тенисер е актуелен шампион на овој турнир, но физичката кондиција на 36-годишникот е доведена во прашање поради проблемите на кои наиде на крајот од 2022. И самиот Надал признава дека ситуацијата не е добра, сепак, тој додаде дека на последните натпревари и покрај испуштените резултати, нема никаков негативен настап.

„Морам да се борам, морам да го сторам тоа за да го најдам вистинскиот ритам. Остануваат уште две недели од почетокот на Австралија опен и не можам да кажам дека тоа е идеална ситуација за мене, но во исто време не можам да кажам дека е ниту најлошата можна ситуација. Во последно време мислам дека играв добро, нивото не беше лошо, но треба само да победам неколку меча за да го имам вистинскиот континуитет“, изјави тенисерот на Мајорка.

Прикажи повеќе