Првиот ден на завршниот тениски Мастерс Куп во Торино заврши со големо изненадување, Најтрофејниот Грен-слем освојувач во историјата, Рафаел Надал загуби на стартот од „зелената група“.

Advertisements

Американскиот тенисер Тејлор Фриц го совлада Надал со 2-0 во сетови 7-6/3, 6-1, за 99 минути. Првиот сет беше одлучен во тај-брејк, а во вториот Шпанецот се распадна и Фриц лесно го приведе мечот кон крај.

Во првиот меч од оваа група, Каспер Руд го совлада Феликс Оже-Алиасим со 2-0 во сетови. Во вторник во второто коло се среќаваат Тејлор Фриц – Феликс Оже-Алијасим и Рафаел Надал – Каспер Руд./Gol.mk/

Прикажи повеќе