Иако требаше синоќа, рускиот претседател Владимир Путин утрово го одржа најавениот говор пред нацијата. Тој кажа дека западот сака да ја уништи Русија, и дека Русија почнува со делумна мобилизација.
Исто така потврди дека ќе поддржи референдум во четирите региони на територијата на Украина.
Целта на Западот е да ја уништи Русија и да се натера да се бори во разни региони. Дојдоа до нашите граници и продолжуваат со омраза кон Русите, особено во Украина. Одбиваат мирно решение во Донбас, а нашата специјална воена операција е неизбежна. Моравме да го исчистиме подрачјето од нацисти и окупациски сили. На наша страна се бори регуларна војска, но и војници од други земји. Киевскиот режим користи странски платеници и НАТО војска против својот народ и тоа уште од воениот пуч во 2014 година“, рече Путин.
Откако кажа дека ќе спроведе референдум на тие области, кажа дека ќе има делумна мобилизација, и повторно се сврте на напади кон западот