Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со мајките на војниците кои се борат во Украина, соопшти Кремљ. Во војната во Украина се убиени или ранети десетици илјади војници од двете страни, а руската инвазија ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Москва и Западот од кубанската ракетна криза во 1962 година. Стотици илјади руски војници се испратени да се борат во Украина – вклучително и над 300.000 резервисти кои беа повикани како дел од мобилизацијата што ја нареди Путин во септември. „Во пресрет на Денот на мајката, кој се слави во Русија во последната недела од ноември, Владимир Путин ќе се сретне со мајките на војниците кои учествуваат во специјалната воена операција“, се вели во соопштението на Кремљ.