Францускиот шампион ПСЖ планира да го задржи Лионел Меси, кој има договор до следното лето, а веќе почнаа шпекулациите дека сака да се врати во Барселона.

ПСЖ подготвил понуда за продолжување на соработката, според која Меси ќе добие договор на една плус уште една дополнителна година, како и плата од 30 милиони евра годишно.

Засега не е познато дали Меси ќе ја прифати понудата и ќе остане во Париз по крајот на договорот, кој му завршува во 2023 година.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез веќе разговарал со неговиот поранешен соиграч за враќање во каталонскиот гигант, а Аргентинецот покажал желба да ја заврши кариерата во тимот во кој играше најголем дел од кариерата.

Извор: Суперспорт

Прикажи повеќе