Стефани Фрапар влезе во историјата на фудбалот како првата жена која судела натпревар на Светското првенство за мажи.

Advertisements

Таа излезе на терен како четврти судија на натпреварот меѓу Мексико и Полска. Фрапар, Јамашита Јошими од Јапонија и Салима Мукансанга од Руанда се првите жени избрани за судии на најголемиот фудбалски турнир меѓу 36-те судии во Катар.

Бразилката Нојзу Бек, Мексиканката Карен Диас Медина и Американката Кетрин Несбит се меѓу 69-те помошни судии на Светското првенство. Фрапар веќе судеше на машки натпревари во квалификациите за Светското првенство и Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе