Камила Паркер – Боулс ќе биде крунисана за кралица на 6 мај 2023 година на свечена церемонија покрај кралот Чарлс.

„Кралицата ќе биде крунисана покрај кралот на слична, но поедноставна церемонија“, се вели во соопштението на Бакингемската палата. Камила ќе биде крунисана и помазана на церемонијата.

Палатата нагласи дека церемонијата ќе ги комбинира античкото и модерното, велејќи дека ќе биде „вкоренета во долгогодишна традиција“ и „ќе ја одразува улогата на монархот денес и ќе гледа кон иднината“.

Крунисана и кралица мајка

Последната кралица која беше крунисана беше Кралицата Мајка заедно со кралот Џорџ Шести. во 1937 година. Надбискупот од Кентербери на церемонијата и ја помаза главата со свето масло. На раката и го ставиле прстенот на кралицата и ѝ дале жезол и стап од слонова коска. Кралицата мајка потоа му се поклони на својот сопруг.

Кралот Чарлс ќе има 74 години за време на неговото крунисување и ќе стане најстариот монарх што бил крунисан. Тој ден е роденден и на неговиот внук Арчи, син на принцот Хари и Меган Маркл.