Демократот Рафаел Ворнок прогласи победа над својата републиканска противкандидатка Кели Лефлер во трката за едно од двете места во Сенатот на изборите во сојузната држава Џорџија, јавија телевизиите „Си-Ен-Ен“, „Си-Би-Ес“ и „Ен-Би-Си“.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ворнок стана првиот афро-американски сенатор избран во Џорџија и оваа победа им дава шанса на демократите да ја преземат контролата врз Сенатот на почетокот на мандатот на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Демократите мора да ги освојат двете места во изборната трка во Сенатот за да имаат мнозинство. Сепак, сè уште е рано да се прогласи победник во трката меѓу демократот Џон Ософ и републиканецот Дејвид Пердју.

Во изборната трка за две места во Сенатот, која ќе одлучи кој ќе го контролира тоа тело, учествуваа по двајца демократи и републиканци: Ворнок и Лефлер од една страна, и Ософ и Пердју од друга.