Бугарските граѓани од Софија и од Варна денеска протестираат против враќањето на хартиеното гласачко ливче, јави дописникот на МИА од Софија.

Незадоволните граѓани во бугарската престолнина се собраа на плоштадот пред Народното собрание. Претходно денеска на иницијатива на организацијата „Правда за сите“ беше усвоена и граѓанска декларација против измените на Изборниот законик, усвоени на вчерашната седница на правната комисија на бугарскиот Парламент.

Во Варна протестот се одржува до зградата на општината.

Демонстрантите тврдат дека измените на Изборниот законик се навлегување во изборниот процес. Тие се и против зголемување на составот на ЦИК на Бугарија, што, според нив, ќе доведе до поголема зависност на Комисијата.

Протестот е во организација на „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“.