Две иновативни алатки за промоција на гео-локации кои располагаат со богато културно и историско значење и будат имапкт во туристичката понуда ќе бидат изработени до крајот на месецот. Алатките ќе бидат бесплатни и ќе можат да ги користат IOS и Android корисници.
Овие иновативни алатки се дел од проектот ИНОБИМЕНТОР, од програмата Балкан Медитеран, а соработката е регионална, односно вклучени се осум партнери од Македонија, Грција, Кипар, Бугарија и Албанија.
Целта е регионално претставување и соработка во презентирање на геолокации од секој партнер од сите земји.
Во првата алатка се прикажани десет геолокации од источниот регион на земјава, поточно Кокино, Куклица, Лесново, Кратово, Виница, Берово, Пехчево, Стоби и Демир Капија. Во алатката се понудени приказни за овие локации, проследени со повеќе слики со кои сите заинтересирани посетители ќе можат на интересен начин да се запознаат со нивната историја.
Според Матеја Србиновска од БАЛКАНИЈА, овие алатки ќе бидат корисни и применливи.
Таа на денешната онлајн презентација рече дека овие алатки ќе бидат многу добри производи кои би останале понатаму како еден убав дел од проектното наследство.
-Во првата апликација се поставени десет геолокации. Аплукацијата е интерактивна, се работи за приказни кои ни доловуваат нешто повеќе кое можеби не сме го знаеле за секоја од геолокациите во нашата земја, и како за нашите така и за странските посетители ќе можат на интересен начин да се запознаат повеќе со секоја геолокација. Има и слики кои може да се листаат, за секоја приказна има различни слики кои се дополнување на приказната за таа локација, додаде Србиновска.
Таа посочи дека е избран источниот регион бидејќи сметаат дека му е потребна поголема промоција како за нашите така и за странските посетители бидејќи располага со многу вредности со кои може да се запознаат.
Апликациите, како што посочи, се уште во изработка, но се очекува наскоро да бидат во завршна верзија.
На денешната онлајн презентација на алтките, Владо Србиновски од БАЛКАНИЈА истакна дека проектот почнал амбициозно, а самиот наслов ИНОБИМЕНТОР значи генерирање на производи и процес на иновации и вештини на мали и средни претпријатија, со нов модел на мобилност на туризмот на зесганати страни да се олесни нивно почнување на пазарот од локалните претпријатија во ретко населените и одалечените области на земјата.
-Избрани се десет геолокации од целниот регион. Селекцијата покажа дека треба да го прошириме опфатот и на други локации кои имаат богато културно и историско значење, и будат имапкт во туристичката понуда, посочи тој.
Србиновски посочи дека работат со локалните организации и претпријатија за подигање на стандардите и критериумите, подобрување на квалитетот на понудата, зголемување и подобрување на улсугите, зголемување на знаење и на вештини, подобрување на маркетинг и регионално претставување.
Додаде дека за креирање на овие апликации потпишале договор со источниот плански регион од Штип, со Музејот на вино од Демир Капија, Музејот на Град Виница, Националната установа Стоби, Археолошкиот музеј Куманово и дел од бизнис секторот со хотел Манастир Берово, хотел Гогов Пехчево, и невладин сектор Етно Село од Сесново, Чанчева куча Кратево и здружението Извор Кратово. Со нив, како што посочи, работеле на анализа, добивање одредени податоци, информации и вклучување во целите на проектот.
-Приоритет на проектот ни беше формирање на бизнис мрежа за да се постигне меѓусекторска соработка за продуцирање на иновативни произоди во секторот на туризам и дата база на поврзаност на сите туристички субјекти од целниот регион што го одработуваме, не само тие десет геолокации туку сите туристички субјекти кои имаат туристички импакт, а се поврзани и се наоѓаат во целниот регион на одработка, додаде Србиновски.
Алатките во себе содржат за секој субјект информации од кој регион е, општина град или село, комерцијално име на субјектот кој е претставен, негов даночен број, географски коодриднати, каде се наоѓа, лице за контакт, веб страна, контакт од социјални медиуми, телефонски контакт, и-мејл адреса, гугл мапа каде се наоѓа и каква туристичка понуда нуди тој субјект.