Софија Вергара уште еднаш ја оправда својата титула на кралица на раскошните облини. Нејзиното длабоко деколте повторно го привлече вниманието на светот.

Позната по своите впечатливи облини и прекрасна фигура, актерката Софија Вергара одлучи да го почести светот со уште едно спектакуларно издание.

Таа се појави на снимањето на нова епизода од шоуто America’s Got Talent во Лос Анџелес, повторно носејќи креација со длабоко деколте.

Носеше тесен фустан-корсет во крој на сирена, кој ја истакнуваше нејзината заводлива фигура. Дизајнот ги нагласуваше нејзините раскошни облини, додека деколтето во форма на срце го истакна горниот дел.

Што се однесува до остатокот од изгледот, таа се одлучи за брановидна фризура и шминка во неутрални нијанси, ставајќи акцент на природниот изглед и убаво хидрираната кожа.

Со оваа комбинација, Софија едноставно ја потврди својата долгогодишна титула на кралица на раскошните облини.

Текстот (Фото/Видео) Не ја нарекуваат залудно „секси Колумбијка“: нејзините раскошни облини повторно се главна тема на муабет е превземен од МАКФАКС.