Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=4
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 26 степени.
Во недела наутро се уште ќе има локален дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува силен северен ветер, што ќе услови значително намалување на дневната температура (за околу 10 степени), а од понеделник значително ќе се намали и утринската температура.