Жерар Пике изненади со одлуката да го напушти фудбалот на средина од сезоната. 35-годишниот фудбалер истакна дека сака да ја заврши кариерата во дресот на Барселона, а не во кој било друг клуб, па беше принуден да ја донесе таа одлука кога ќе може да игра уште неколку сезони. Неодамна, во интервју за “AS”, Пике појасни дека во Барселона се чувствувал изоставен од тимот поради неговата физичка форма, бидејќи стартери биле други играчи.
„Пред почетокот на сезоната имав состанок со Чави и таму тренерот ми кажа дека ќе ми биде тешко. Како и да е, сакав да го пробам и чувствата на почетокот на сезоната не беа добри. Мислев дека репрезентативната пауза во септември ќе влијае позитивно на моето опоравување, но повторно ме казнија повредите.
Не играв против Елче и Валодолид и се чувствував малку како да сум надвор од тимот, тогаш знаев дека е готово. Не поради болката од повредата, туку поради тоа што бев надвор од тимот. Тогаш ја донесов конечната одлука и така си заминав“, изјави Пике