Во Нигерија денеска се одржуваат парламентарни и претседателски избори. Нигеријците треба да изберат наследник на претседателот Мухамаду Бухари. Главните кандидати на изборите, откако Нигерија премина од воено владеење во демократија во 1999 година, се двајца политички ветерани од двете главни партии и кандидат од помала партија, кој според анкетите има шанса благодарение на поддршката од младите гласачи.
Бухари, пензиониран армиски генерал, се повлекува од функцијата претседател по максималните осум години дозволени со уставот, но не го исполни своето ветување за воспоставување ред и безбедност низ Нигерија, најголемиот производител на нафта во Африка.
Нигеријците се надеваат дека новиот претседател ќе ја насочи најнаселената африканска нација и најголемата економија на нов пат по години на зголемено насилство и тешкотии. Новиот претседател, исто така, ќе мора да се бори со проблемите на високата инфлација, длабоката сиромаштија и недостигот на енергија, исламистичкиот бунт на североистокот, кражбата на индустриска нафта на југот и неконтролираниот криминал насекаде.
Повеќе од 93 милиони луѓе се регистрирани да гласаат за следниот претседател и членови на Националното собрание, кое отвора околу 176 600 избирачки места.
Пребројувањето на гласовите ќе започне веднаш по затворањето на избирачките места, а резултатите ќе бидат објавени надвор од избирачките места. Конечниот резултат од 36-те држави и главниот град Абуџа се очекува во рок од пет дена од гласањето.
Во предизборието имаше насилство, исто како и на претходните, на кои убиството на сенаторскиот кандидат во нестабилниот југоисточен регион во средата е последен во низата сериозни инциденти, пишува Би-би-си.
Изборите се одржуваат во време кога Нигеријците се борат со недостиг на готовина поради неуспешниот план да се заменат старите банкноти со нови што го уништи секојдневниот живот на луѓето и доведе до насилство во банките и банкоматите./slobodnaevropa