Новите докази до кои дојде мадридскиот весник „Либертад Дигитал“ донесоа целосен пресврт во случајот на Барселона. Овој весник синоќа објави дека наводно поседуваат документи кои ја ослободуваат Барселона од какви било обвиненија во овој случај. Имено, тие објавија дека дошле до копии од неколку документи кои компанијата на синот на Енрикез Негреира ги произведувала за Барселона во претходните години. и тоа синоќа го соопштија јавно.

Овие документи го потврдуваат она што Барселона со недели го кажува, а тоа е дека од 2001 година оваа компанија е ангажирана од клубот да ги анализира судиите и да подготвува извештаи за клубот од „Камп Ноу“. Објавените документи јасно докажуваат дека Барселона не направила ништо погрешно или незаконски, а такви извештаи имале и сите други клубови во Примера.

Сега останува да се докаже дека овие документи се валидни, а доколку тоа се случи, тогаш јасно е дека Барселона е одбранета во овој случај и дека сите обвиненија против клубот ќе бидат укинати.

Исто така, треба да се истакне дека „Либертад Дигитал“ тврди дека овие документи биле пронајдени при претресот на куќата во која живеел синот на Негреира.

Прикажи повеќе