Од 87,57 проценти од досега пребројаните гласови на ЦИК, партијата на Албин Курти води со 47,83 проценти или 326.717 гласови. Движењето Самоопределување на 6 октомври 2019 година доби 221 001 глас.

Втора е Демократската партија на Косово со 17,50 проценти или 111.381 глас, Демократската лига на Косово трета со 13,36 проценти или 91.278, Алијансата за иднината на Косово четврти 7,43 проценти или 50 743, Социјалдемократската иницијатива 2,73 проценти или 18 631.

– Advertisement –

Прикажи повеќе