На панаѓур во Куршумлија денеска околу 13 часот и 30 минути се откорна метална конструкција од рингишпил при што се повредени тринаесет деца, од кои три се тешко повредени.

Како што пренесуваат српските медиуми, несреќата се случила откако метална конструкција се скршила на половина. Според информациите, во најкритична состојба е 13-годишно дете. Три деца се во Здравствениот дом Куршумли, седум во Прокупље, а едно дете е пренесено во Ниш. Две деца се пуштени на домашно лекување.
На терен е и итната служба на Здравствениот дом Прокупље за да му помогне на Здравствениот дом Куршумли во лекувањето на повредените.
На лице место се полицијата, обвинителот на Основното обвинителство Куршумлија, а истрагата е во тек.