Борис Писториус, социјалдемократски министер за внатрешни работи на покраината Долна Саксонија, ќе биде нов министер за одбрана на Германија, соопшти денеска германската влада. Претходно, германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека првата точка на дневниот ред на идниот министер за одбрана на Германија ќе биде дали да ѝ испорача тенкови на Украина.

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка во понеделникот, бидејќи нејзината влада беше под зголемен притисок да им дозволи на сојузниците да испратат тешки тенкови на Украина, на почетокот на, најверојатно, клучната недела за плановите на Западот за дополнително вооружување на Киев. Германскиот канцелар, Олаф Шолц, вчера изјави дека ќе дејствува брзо за да ја замени Ламбрехт.

Прикажи повеќе