Американските медиуми јавуваат дека претседателот Џо Бајден одлучил да ја номинира Лин Трејси, ветеран со долгогодишно искуство во руските работи, за амбасадор на САД во Русија. Неколку големи медиуми, вклучително Си-Ен-Ен, АП и Ројтерс, цитираа извори кои велат дека предлогот ќе биде доставен во Сенатот откако Русија ќе го потпише стандардниот дипломатски протокол. Ниту Белата куќа, ниту Стејт департментот не ги коментираа извештаите.