Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ќе биде стартер во тимот на Западот на претстојниот НБА ол-стар викенд. Србинот по петти пат во кариерата ќе учествува на мечот на „сите ѕвезди“, а капитен на неговиот тим ќе биде Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс, кој доби најмногу гласови. Тоа ќе биде рекорден 19. настап за Леброн на Ол-стар натпреварот.
Стартери на Западот ќе бидат уште Лука Дончиќ (Далас), Стеф Кари (Голден Стејт) и Зион Вилијамсон (Њу Орлеанс).
Истокот со капитенската лента ќе го предводи Јанис Адетокумбо од Милвоки, а во стартниот состав се уште Џејсон Тејтум (Бостон), Кевин Дурент (Бруклин), Кајри Ирвинг (Бруклин) и Донован Мичел (Кливленд).
Раководството на лигата пред неколку дена објави дека според новиот формат капитените на тимовите ќе ги изберат преостанатите играчи непосредно пред почетокот на натпреварот.
Ол-стар натпреварот ќе се одигра на 19 февруари во Солт Лејк Сити.