Организаторите на “Австралија Oпен”, првиот тениски гренслем турнир годинава, ги одредија носителите за турнирот кој започнува на 16 јануари.
Прв носител кај мажите е шпанецот Рафаел Надал, а кај дамите Ига Швјонтек од Полска. Поради повреда турнирот во Мелбурн ќе го пропушти тенисерот број еден во светот, шпанецот Карлос Алкараз, па неговиот сонародник Рафаел Надал, кој лани ја освои титулата на овој турнир со победата против Данил Медведев во финалето, го презеде статусот на прв носител на Австралија опен.
После Надал, следат норвежанецот Каспер Руд и гркот Стефанос Циципас, додека србинот Новак Ѓоковиќ, деветкратен победник на турнирот, е четврти носител. Кај тенисерките, Ига Швјонтек од Полска е прворангирана, а потоа следат тунижанката Онс Жабер, американката Џесика Пегула, французинката Каролин Гарсија и белорусинката Арина Сабаленка. Ждребот за “Австралија Oпен ќе се одржи в четврток.