
Во пресрет на мечот со Србија, селекторот на Камерун Ригоберт Сонг, го избрка голманот Андре Онана од селекцијата. Голманот на Интер, Андре Онана не е веќе дел од репрезентацијата на Камерн, тој бил избркан од селекторот поради недисциплина.
Причина е тоа што селекторот Сонг инсистирал на поинаков стил на бранење на голманот, на потрадиционален. Онана немал намера да го промени стилот и настанала кавга меѓу двајцата поради што голманот добил дисциплинска казна и бил отстранет од репрезентацијата.