Околу 200 луѓе се евакуирани од камп во Шпанија каде што живеат работници мигранти по избувнување на пожар.
Пожарот избувнал истиот ден кога градскиот совет на шпанскиот град Нијар наредил кампот да се урне. Во судскиот налог за уривање на кампот стои дека е дотраен и изграден без дозвола.
Причината за пожарот не е позната.
Евакуираните со автобуси се пренесени во блискиот објект каде што се примени од работниците на Црвениот крст.
Кампот „Ел Валили” беше претежно населен со мажи од субсахарска Африка и Мароко, кои работат земјоделски работи во Андалузија, на југот на Шпанија.
Заедно со туризмот, земјоделството е примарен извор на приход за тој регион.
АПДНА, група за човекови права која работи со мигрантите во Андалузија, вели дека властите немаат соодветни планови за преселување на мигрантите.