Повеќе од седум милиони деца се загрозени по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, соопшти Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ), и изрази стравување дека настрадале неколку илјади деца.

„Во Турција, вкупниот број на деца кои живеат во десет провинции погодени од два земјотреси изнесуваше 4,6 милиони. Во Сирија се погодени 2,5 милиони деца“, рече анонимен портпарол на УНИЦЕФ на редовната прес-конференција во Женева.

Во Турција и Сирија загинаа над 37.000 луѓе.

Прикажи повеќе