Глобалниот патнички авиосообраќај во 2020 година опадна за досега невидени 66 отсто, поради ограничувањата за патувања воведени со пандемијата на Ковид-19, соопшти денеска оваа индустриска група

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) предупреди дека појавата на новите, попреносливи и позарасни варијанти на коронавирусот ги оштетува изгледите за закрепнување оваа година.

Додека сообраќајот малку се зголеми во текот на летото, тој во декември опадна за 70 отсто, завршувајќи ја годината под просекот.

ИАТА, организација која обединува 190 авиокомпании, официјално не ги намали предвидувањата за зголемен сообраќај годинава благодарение на воведувањето вакцини, но предупреди дека појавата на новите видови коронавируси ги замаглува овие предвидувања.