Во 87 година од животот почина легендарниот водител Лери Кинг. Веста за неговата смрт е соопштена на неговиот твитер канал.

Како што пренесува британскиот портал „Мирор“, водителот починал во клиничкиот центар во Лос Анџелес, како последица на компликации предизвикани од коринавирусот.

Лери Кинг и стана познат на пошироката јавност како домаќин и водител на познати тоок-шоуа во САД. Куриозитет за неговиот живот беше тоа што зад себе имаше вкупно осум бракови, од кои последниот го склучи во 1997 година, a се разведе во 2010 година.

Сепак, вистинската трагедија во неговиот живот се случи лани, кога две од неговите 5 деца починаа како последица на тешка болест.

Прикажи повеќе