Поранешната италијанска скијачка Елена Фанкини почина на 38.годишна возраст од последици на тумор на мозокот, соопшти Италијанската федерација за зимски спортови.

Последен пат се натпреваруваше во декември 2017 година, една година подоцна доби дозвола да тренира повторно, но никогаш не се врати во форма.

Нејзината состојба се влоши во последните неколку месеци. Најголемиот успех во кариерата, Фанкини го постигна на Светското првенство во 2005 година, кога го освои сребрениот медал во спуст./Makfax

Прикажи повеќе