Ова во емисијата „Топ Калчо“, го откри италијанскиот новинар Алфио Мусмара. Новинарот откри дека станува збор за Марцело Брозовиќ и Дензел Дамфрис.
Името на Брозовиќ се споменуваше во можната размена со Барселона. Овој трејд пропадна бидејќи Франк Кеси одби да се пресели во Интер. Брозовиќ по Светското првенство не е стартер во Интер. Таков статус имаше и во октомври, но тогаш беше повреден.
За Дамфрис постои интерес од неколку клубови во Премиер лигата. Холанѓанецот ќе добие дозвола да го напушти клубот, кога некој ќе понуди помеѓу 45 и 50 милиони евра.