САД ги проширија санкциите против Иран со 16 дополнителни компании, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Мнозинство од компаниите ставени под санкции се металуршки претпријатија кои произведуваат челик. Тринаесет од нив се ирански, три се лоцирани во Велика Британија, во Кина и во Германија. Последните три се всушност во сопственост на „Middle East Mines Industries Development Holding Company” од Техеран.

Покрај тоа, санкции се воведени и против едно лице од Иран.

Иран бара од Интерпол потерница за Трамп и уште 47 американски претставници

-САД продолжуваат со агресивна имплементација на санкциите против иранскиот режим, оние што ги избегнуваат, и сите други кои се во финансиска корист на режимот и кои ја спроведуват неговата злонамерна агенда на репресии и терор, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот.

Предходно Иран побара од Интерпол да распише меѓународна црвена потерница за претседателот на САД, Доналд Трамп  и уште 47 американски претставници.

Според иранските власти, Трамп е осомничен за убиството на генералот Касем Сулејмани.