На 22 ноември 1963 година, атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди го шокираше целиот свет. Сепак, најтешко било за неговото семејство, тие набргу морале да ја напуштат Белата куќа која дотогаш била нивниот дом.

Половина век подоцна е откриено дека во најголема тајност, вдовицата на Кенеди еднаш била во тајна посета на Белата куќа.

Instagram
Instagram

Откако, по смртта на својот сопруг, престана да биде прва дама на Америка, Џеклин Кенеди со своите деца ја напушти Белата куќа. Тие се вратила само еднаш – точно осум години по смртта на Кенеди.

На 3 февруари 1971 година, тогашниот претседател Ричард Никсон и неговата сопруга, првата дама Пет Никсон ги поканиле на вечера поранешната прва дама и нејзините деца, ќерката Каролин и синот Џон Џуниор. Во тоа време, Џеки веќе била во брак со грчкиот сопственик на бродови Аристотел Оназис, презимајќи го неговото презиме.

Profimedia
Profimedia

Иако и претходно добивала покани за посета на Белата куќа, Џеки постојано одбивала да се врати таму. На 7 јануари 1970 година им испратила писмо на семејството Никсон дека е во Вашингтон, но само за да ги посети гробиштата во Арлингтон, каде е погребан нејзиниот сопруг.

За конечно да ја „убедат“ Џеки да дојде во Белата куќа, во поканата стоело дека сакаат да ѝ го покажат портетот на претседателот Кенеди, дело на уметникот Арон Шикл.

Instagram
Пет и Ричард Никсон / Instagram

Овој пат, Џеки не можела да ја одбие поканата, па на 27 јануари 1971 година им одговорила со писмо, кое сè уште се чува во музејот и библиотеката именувана по Ричард Никсон.

Во писмото ѝ се заблагодарила на г-ѓа Никсон што го поставила и портретот на нејзиниот покоен сопруг, сметајќи дека тоа е прекрасен гест.

По тој повод, таа исто така признала дека доаѓањето во Белата куќа со сите протоколи би било исклучително тешко и за неа и за нејзините деца.

Instagram
Instagram

Како што знаете и самите, помислата да се вратам во Белата куќа е исклучително тешка за мене. Навистина немам храброст да ја поминам целата официјална церемонија, ниту да ги доведам моите деца во домот што ги потсетува на нивниот татко и сите трауми“, напишала Џеки.

Profimedia
Profimedia

Не сакајќи да се крене врева околу оваа посета, поранешната прва дама им дала предлог.

Би можело ли да се најави дека портретите ќе бидат изложени на кој било датум што ќе го предложите и да дадам кратка изјава по тој повод во која ви се заблагодарувам за сè, а можеби ден пред или подоцна, како ви одговара, јас и децата да дојдеме во тајност и да ви оддадеме почит, но и да ги видиме сликите насамо?“, напишала таа.

Во писмото, поранешната прва дама на Америка напишала дека ова, за семејството Никсон би значело дека мора да се откажат од традиционалните церемонии, но од друга страна, децата би можеле да го видат портретот на нивниот татко во нивниот поранешен дом, без дополнителен притисок.

Instagram
Instagram

Г-ѓа Никсон ја прифатила идејата и организирала приватна посета на семејството Кенеди, па затоа од нивната посета нема официјални фотографии. По враќањето дома, Џеклин Оназис ѝ се заблагодарила на Пет Никсон.

Instagram
Instagram

Можете ли да замислите што ми дадовте со ова? Можност во тајност да се вратам во Белата куќа со моите деца, додека се сè уште доволно мали да се присетат дека пораснале во неа“, напишала Џеки.

Благодарноста ја завршила со зборовите дека уживале во приватната посета и фантастичната вечера. Но, таа не е единствената која се заблагодарила. Истото го направиле Џон Кенеди Џуниор и Керлон, како и мајката на покојниот претседател Џон Кенеди.