Фудбалската репрезентација на Шпанија остана без учество во финалето на Европското првенство.

Црвената фурија беше поразен од Италија на Вембли вчера по пенал серијата со 4:2 (1:1), а по мечот се огласи дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике.

Тој смета дека треба да се променат правилата за изведување пенали на големите натпреварувања и смета дека сегашниот систем му дава предност на тимот што прв шутира.

Пике го напиша следново на Твитер:

„Не случајно на големите натпреварувања кои се во тек во, на четирите пенал серии, тимовите кои стрелаа прв победија. Статистиката вели дека тие имаат повеќе опции на ваков турнир, што не е фер затоа што тимот што ги изведува пеналите второ, шутира со хендикеп“, напиша Пике на Твитер и потоа додаде:

“Мислам дека најдобриот формат ќе биде ABBAABBAAB. Така се менуваат тимовите на начин што не е емоционално тежок за оние што промашуваат”, истакна Пике.

УЕФА претходно разгледуваше опции за промена на правилата за шутирање пенали во младински натпреварувања, но на големите натпреварувања, засега останува вообичаениот систем на изведување пенали.