Иако пандемијата на коронавирус беснее во поголемиот дел од светот скоро две години, има и земји кои тврдат дека на нивна територија нема ковид. И дека никогаш не ни имало. Малкумина, генерално, веруваат во нивните тврдења, особено затоа што од таму доаѓаат контрадикторни информации.

Advertisements

Северна Кореја
Северна Кореја беше првата земја во светот што ги затвори границите кога започна пандемијата на коронавирус. Првиот сомнителен случај на нејзина територија беше регистриран на 26 јули 2020 година. Во јужната област Каесонг беше воведена вонредна состојба, но наскоро беше објавено дека е потврдено дека не станува збор за коронавирус.

Земјата тврди дека досега немало ниту еден регистриран случај на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата, но светот беше изненаден кога оваа земја кон средината на годината, побара вакцини против ковид-19 преку Глобалната алијанса за вакцини (ГАВИ) кон средината на годината.

Според „Волстрит Џурнал“, Северна Кореја не потврдила ниту еден случај на инфекција, но побарала од ГАВИ, која им помага на земјите во транзиција да пристапат до вакцината, да ја добијат вакцината. Иако илјадници луѓе се тестирани досега, Пјонгјанг не потврди ниту еден случај на инфекција.

„South China Morning Post“ во март објави дека околу 200 војници од Северна Кореја починале од заразната болест ковид-19 и дека неколку илјади луѓе се во карантин. Но, властите продолжуваат да тврдат дека нема случај на коронавирус во нивната земја.

Кон крајот на август оваа година eкспертите од Државната академија на науките развија ПЦР-систем кој ги исполнува светските стандарди, посочува весникот на владејачката Работничка партија, при што се наведува дека сето ова е дел од напорите на Северна Кореја во борбата против коронаврусот.

Туркменистан
Во речиси две години пандемија, Туркменистан, наводно, немал ниту еден случај на коронавирус. Или барем така тврди владата на оваа централноазиска земја, пренесе неодамна „Си-ен-ен“. Туркменистан е поранешна советска република со скоро шест милиони луѓе и е една од петте земји што немаат пријавено случаи на коронавирус, според прегледот на податоците собрани од Универзитетот Џонс Хопкинс и Светската здравствена организација.

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, кој владее со земјата од 2006 година, ги отфрли извештаите за коронавирусот во земјата како лажни и во вторникот во изјава пред Обединетите нации рече дека одговорот на пандемијата не треба да се „политизира“.

Но, независни агенции и новинари и активисти надвор од Туркменистан велат дека има докази дека земјата се бори со третиот бран што ги преплави болниците и од што починале десетици луѓе, и предупредуваат дека претседателот го минимизира смртоносниот вирус во обид да го задржи својот имиџ во јавноста.

Тонга
Затворањето на границите се покажа како еден од најделотворните начини за да се држи вирусот подалеку, осбено, овој принцип го применуваа земјите низ Пацификот. Тонга го запре речиси секое движење внатре и надвор од кралството и го избегна вирусот, како и Науру и Тувалу.

Тонга има строги правила за патување од февруари. Од првиот случај на Фиџи, оваа земја ги затвори границите и им дозволи на странците да заминат, само доколку се враќаат во своите земји.

Тонга е во карантин од 29 март. Во средината на јули, започнаа летови за враќањее на своите државјани од Фиџи. Летовите се ограничени на помалку од 60 луѓе, од кои сите се под строг карантин во исти хотел во градот. Овој хотел го чува полиција и патот кој води до него е затворен.

Тувалу
Често е позната како една од, ако не и најмалата земја во светот. Тувалу годишно го посетуваат помалку од 200 туристи. Ова веројатно беше од огромна корист за спречување на пандемија.

Науру
Науру е земја што можете да се посети за еден ден. Таа, исто така, успеа да остане без ниту еден случај на коронавирус. Заедно со Тувалу, го држи рекордот како една од најмалку посетените земји во светот.