Сите проценки на НАТО во овој момент се дека КФОР може и во случај на ескалација на проблемите на северот на Косово да ја држи ситуацијата под контрола, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за Канал 5 телевизија.

Advertisements

„Ситуацијата не е за потценување, но таму НАТО има голема сила. Ако може НАТО со своите воени ефективи да и држи грб на Украина, држава од 45 милиони луѓе, нападната од држава со 145 милиони, без да ја потценувам ситуацијата, не мислам дека ќе има каков било проблем ако има некоја дополнителна ескалација на северот на Косово,“ вели Пендаровски во интервјуто.

Тој вели дека на секои десеттина дена има разговори со командантот на КФОР на Косово затоа што во мисијата учествуваат и 65 македонски војници, па оттука како што додава, не е сеедно што се случува таму.

Претседателот додава дека не треба да се крева дополнителна паника во јавноста и нема потреба од свикување на Совет за безбедност за ова прашање, бидејќи како што уверува, „НАТО ја држат ситуацијата под контрола досега и од сега“.

Прикажи повеќе