Долгогодишниот пчелар Игор Илков од Негорци, кој е добитник на многубројни признанија во земјава и странство за квалитетот на медот што го произведува, како апсурдна и неумесна ја коментира владината предлог-мерка според која пчеларите во иднина ќе треба да плаќаат пашарина за колективно напасување на пчелите.

Advertisements

Во земјава, вели тој, има околу 6.000 пчелари, во чија сопственост има околу 230.000 пчелни семејтства, кои наместо да бидат стимулирани од државата, таа ги обременува со нови трошоци.

– Ние и онака имаме редовни трошоци за одгледување на пчелите, а секоја наредна година е полоша од претходната поради што и количините на мед се помали. Сметам дека оваа мерка дополнително ќе ги демотивира луѓето да се занимаваат со пчеларство, рече Илков.

Предлог-законот за пасишта, кој е објавен во националниот регистар на прописи, додава Илков, со членот 23 предвидува дека за колективно напасување пчеларите ќе плаќаат по 0,3 отсто од просечната годишна плата по пчелно семејство плус и одреден износ за закупнина на пасишта кои се во државна сопственост што навистина врз пчеларите делува дестимулативно.

Прикажи повеќе