Се плашам дека во Бугарија имаме многу твдоглав консензус кој не е во рацете на кој било министер, па ниту во рацете на Захариева. Не би рекол дека имаме краткорочни решенија, туку долгорочни решенија. Затоа го нагласувам образованието. Да ги поврземе универзитетите, академиите, студентите и младите и сигурен сум дека вашиот преговарачки процес ќе трае пократко отколку тој на Бугарија. За нас тој започна во 1999, а заврши 2005, шест години подоцна. Но во вашиот случај би траело пократко. Да не гледаме во историјата туку во иднината пред нас.
Ова го истакна Соломон Паси поранешен министер за надворешни работи на Бугарија и истакнат атлантист на вчерашниот онлајн НАТО Форум „Евроатлантските вредности и општествените предизвици низ призмата на образовниот процес“ организиран од ГАУС Институтот – Битола прашан за ветото на Софија. Честитајќи го членството на С Македонија како 30-та членка на НАТО тој потсети дека како основач на Атлантскиот клуб на Бугарија уште од 1993 година ја поддржувале оваа наша цел.
– Горди сме што придонесовме С Македонија да стане членка на НАТО. Нашата следна цел е да ја видиме С Македонија во ЕУ, додаде тој.
– Во 1963 претседателот Кенеди за време на посетата на Берлин рече „Јас сум Берлинец“, што доведе до паѓање на Берлинскиот ѕид некоку децении подоцна. Денес за време на германското претстедателство јас би сакал да кажам „Јас сум Македонец“ затоа што како Македонец би можел да бидам покорисен во напорите за вашето членство во ЕУ, бидејќи моето искуство вели дека клучот за членството е многу повеќе во рацете на апликантот отколку во страната на која и се приклучувате. Ова како метафора, но и буквално би предложил С Македонија и Бугарија да прифатат иста временска зона, сега имаме еден час разлика и без оглед која зона ќе ја прифатиме, Македонија источното време или Бугарија бриселското време, да имаме зедничка зона. Двете православни цркви исто така можат доста да помогнат да се прогласат истите религиозни календари. Иако ова не е дел од акито, сметам дека може многу да помогне, порача Паси
Според него во контекст на ЕУ интеграцијата потребно е С Македонија и Бугарија како две соседни земји да реализираат масивна размена на програми во областа на образованието на сите нивоа.