Ракометарките на Ѓорче Петров и Чаир ги дознаа противниците за третото коло во ЕХФ Купот на Европа.

Противник на Ѓорче Петров ќе биде австриски Румс Џегс, додека ракометарките на Чаир ќе играат против Макаби Аразим од Израел, која во претходната рунда го елиминираше третиот македонски ривал, Куманово.

Првите натпревари од третото коло се на програмата на 3 и 4 декември, додека реваншите на 10 и 11 декември.

Прикажи повеќе