Европскиот банкарски сектор претрпе загуби на берзите, еден ден по одлуката на швајцарската групација UBS да ја купи втората по големина банка во земјата, Credit Suisse, која се наоѓа во тешка ситуација. Се чини дека операцијата за спасување не ги охрабри инвеститорите за стабилноста на банкарскиот систем и покрај охрабрувачките изјави на европските претставници.
Во Париз БНП Парибас загуби повеќе од осум отсто од вредноста, а Сосиете Женерал повеќе од седум отсто. Во Фракфрут вредноста на акциите на Дојче банк падна за повеќе од шест отсто, а на Комерцбанк за речиси пет отсто.
Во Лондон, банката Standard Chartered изгуби повеќе од шест проценти од својата вредност, NatWest повеќе од четири проценти и HSBC три проценти, пренесува Бета повикувајќи се на AFP.