Пјонгјанг денеска се закани дека ќе преземе „невидени, постојани и силни одговори“ доколку Сеул и Вашингтон продолжат со планираните воени вежби, обвинувајќи ги сојузниците за подигање на тензиите во регионот.

Advertisements

Во соопштението на,Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, се наведува дека ќе се разгледа дополнителна воена акција доколку Советот за безбедност на ОН под влијание на Соединетите држави продолжи да врши притисок врз Пјонгјанг.

Јужна Кореја и САД се подготвуваат за годишни воени вежби како дел од напорите за подобро спротивставување на растечките нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

Министерството за одбрана во Сеул денеска извести дека Јужна Кореја и Соединетите Држави ќе одржат симулациски вежби во Вашингтон следната недела како и редовни пролетни вежби наречени Штитот на слободата следниот месец во Јужна Кореја.

Јужна Кореја го нарече северниот сосед „непријател“ во новиот одбранбен документ, термин што го употреби за прв пат по шест години, што сигнализира ново заострување на односите со Пјонгјанг.

Прикажи повеќе